Петар Богојески од Македонски Концепт бара итна реакција од Македонците по објавувањето на скандалозните резултати од пописот. Богојески вели дека Македонците се разградуваат малку по малку, како жаба во вода која постепено се загрева.
Ако и ова со пописот го голтнеме… ако сега не се спротивставиме… од утре ќе биде доцна… ќе знаеме дека е лошо и крај за нас, но ќе биде касно… нашето национално тело не ќе може да реагира и ќе биде сварено / уништено!
Сега додека сеуште имаме сила во телото, додека имаме нервен систем, сега да реагираме, ако сакаме децата да не ни бидат сварени во лонец!, бара Богојески.
МАКЕДОНЦИТЕ и ВАРЕНАТА ЖАБА
Македонци, ние имаме многу пријатели и многу непријатели. Истите нема да ги именувам, зашто сакам друго да Ви кажам.
Да знаете како не работат Македонците!
ЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО!!!!
Ако една жаба фрлите во врела вода, таа за помалку од секунда ќе скокне од лонецот и ќе се спаси!
Ако на еден Македонец додека е силен, му кажете дека сакате да го убиете, тој ќе се спротивстави и ќе се спаси!
Но, ако истата жаба ја ставите во нормална вода, таа ќе остане во лонецот. Доколку постепено ја загревате водата, жабата ќе се прилагодува на температурата до еден момент, кога ќе осети дека е во опасност. Меѓутоа, во тој момент нејзиното тело, нејзиниот нервен систем, олабавен од жешката вода, нема да има сила да скокне и да се спаси… таа ќе се тетерави… но касно е! Жабата е сварена!
Исто со Македонецот… нас не варат прво во млака вода… ние стоиме и мислиме дека ни прават бања… се навикнуваме на се пожешка вода / влошена состојба… во еден момент кога ќе сфатиме дека сме готови, дека ќе не сварат… дека сакаат да не убијат… касно ќе е! Нашиот нервен систем / апатија која веќе ја имаме, не ќе може да реагира и на крај ќе исчезнеме од Македонија!
Сега е тој момент!!!
Сега Македонци!!! СЕГА!!!
Ако и ова со пописот го голтнеме… ако сега не се спротивставиме… од утре ќе биде доцна… ќе знаеме дека е лошо и крај за нас, но ќе биде касно… нашето национално тело не ќе може да реагира и ќе биде сварено / уништено!
Сега додека сеуште имаме сила во телото, додека имаме нервен систем, сега да реагираме, ако сакаме децата да не ни бидат сварени во лонец!
Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете!