По најавите на Владата дека руски агенти работеле во Македонија против договорот со Бугарија, Петар Богојески предупредува дека ваквите тврдења ќе се злоупотребат за апсење на политички неистомисленици.
Премиерот Ковачевски, како и бугарскиот премиер Петков пред него, обвинија дека припадници на државните институции работеле против договорот што тие се обидуваат да го наметнат. Во Бугарија, наводните руски агенти работеле во бугарското разузнавање, а во Македонија – се уште не се знае. Но, се очекува дека ова ќе доведе до обвиненија против наводните шпиони, со цел да се подмачка постигнувањето на нов договор за менување на историјата, и за секоја критика на договорот да се отпише како „руско влијание“.
Дали Владата спроведува ПРОГОН за неистомисленици, под ИЗГОВОР “руски шпиуни”?!? Прашувам бидејќи знам дека има “руски соработници” токму во редот на владините функционери, а забележувам тие не се под прогон!?! Ќе “неутрализираме” странски соработници во земјава или политички неистомисленици на власта?!?, вели Богојески. Богојески е гласен противник на планираниот нов договор со Бугарија.