Ривалството помеѓу актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов и кандидатот за градоначаник на ДОМ и на ЛДП, Бени Шаќири, започна необично како за двајца другари.
Имено, додека Шилегов изјавува дека Бени Шаќири му е другар и дека ја очекува неговата поддршка во вториот круг, музичарот распали на сметка на работењето на градската управа во досегашниот мандат на актуелниот скопски градоначалник.
– Три ипол години нема ништо во Скопје, а сега само козметички зафати. Мотивити не треба да се бараат од Бени, сам граѓанинот нека прошета и ќе види. Сè можам да разберам, ама можеа барем една церада кај зградата на ЕСМ да стават. Јас како човек кој си го сака својот град, локал патриот, не ми е сеедно. Да не зборуваме колку ѓубре има во градот. Воздухот е валкан и сите деца го дишат тој воздух. Скопје стана сив град, кој не дише, не пулсира – изјави Шаќири во Студио 10 на ТВ24.