Професорот Тито Беличанец, кој важи за еден од најголемите фанови на Зоран Заев, смета дека шпекулациите на Героски за „пеколниот план“ на Заев се лаги. Тој целосно му верува на Зоран Заев и неговото тврдење дека не планирал пуч во партијата:
„ВМРООНИТЕ И НЕКОИ ПОЕДИНЦИ КАМЕЛЕОНИ ОД СДСМ И ОД КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТИИ НАСЕДНАА НА ЛАГИТЕ НА ГЕРО КИКИФРИКИ И КАКО СОМОВИ СЕ ФАТИЈА НА ЈАДИЦА!
СЕГА СЕ ПРПЕЛКААТ КАКО СОМОВИ НА СУВО!
ЕВЕ ШТО ВИ ПОРАЧА ЗОРАН ЗАЕВ:
“Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање.
Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.
Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество.“, напиша на фејсбук Беличанец.