Партијата Единствена Македонија информира дека, според нивни сознанија, Министерот за надворешни работи Бујар Османи не ја информирал Владата пред да нареди да бидат протерани пет руски дипломати од Македонија. Скандалозниот потег драматично ги влоши односите меѓу Македонија и Русија.
Единствена Македонија ја информира јавноста дека марионетскиот министер Бујар Османи воопшто не го информирал неговиот претпоставен Димитар Ковачевски за антимакедонската и антидржавната одлука за протерување на пет дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Поточно, Бујар Османи го искористил отсуството на Ковачевски од државата кој вчера беше во Бугарија кога македонското МНР ја соопшти одлуката за протерувањето на руските дипломати која е тешка провокација спрема Русија. Според информациите на Единствена Македонија Османи не го информирал и Стево Пендаровски. Се потврдуваат информациите кои подолго време кружат во јавноста дека вистински газда во владата е Али Ахмети и ДУИ кои ги влечат сите конци во владата. Единствена Македонија како и поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија не стои зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, туку одлуката е резултат на марионети во власта со задача за рушење на Македонија и Македонците, соопшти партијата на Јанко Бачев.