Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев ги повика Македонците да се кренат против натамошното уривање на државата.
Марионетската влада е најголем непријател на македонската држава и ова мора да престане. Но, низ бројните мои средби низ Републиката, како изговор да не се бориме против уништувањето на Македонија и Македонците, слушам луѓето биле уплашени. Да потсетам, не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител и да си живее со учителската плата и да не биде револуционер, да не оди во планините, да си седи дома. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија.Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа мора да одговараат, и ќе одговараат!, порачува Бачев.