Новинарот Љубиша Николовски – Астма, во својата нова колумна, гневно се нафрла на граѓаните кои го бојкотираа пописот на повик на Левица и другите опозициски партии. Николовски за нив користи изрази како „мрчатори“, „гњаватори“, „кукавици“ и теоретичари на заговори кои само си замислуваат дека некој од надвор ковал планови против Македонија.
Но 130.000 кукавици го послушаа „левиот“ повик за бојкот и сега ќе нè гњават дека пописот е наместен. Да, тие го наместија. И наместо да бидат благодарни што државата не сака да ги казни, ќе ги слушаме како кај нив не дошле попишувачите, не им оставиле порака, не бил добро организиран…откако се заврши се бунат зошто се нашле во графата без национална припадност кога тоа било познато од базите на податоци во кои тие некогаш, по некоја основа се внесени. Е да, ама таму не пишува што си СЕГА. Можеби си се пишал како Македонец кога си аплицирал за лична карта, или возачка, ама ТОГАШ. Во меѓувреме можеби си станал Србин, што е твое легитимно право, но тоа никој не го знае сè додека не се декларираш на Попис. Затоа молчете веќе еднаш, гњаватори едни, вели Астма.