Лидерот на Левица Димитар Апасиев ги поддржа протестите за спас на игралиштето во училиштето „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец, каде се заканува изградба на сала и клуб од компанијата Форца. Левица ја обвинува партиски поставената директорка на училиштето и други функцоинери на СДСМ за оваа лукративна одлука.
НЕЗАКОНСКО ОДЗЕМАЊЕ НА ИГРАЛИШТЕТО НА УЧИЛИШТЕТО ,,КИРО ГЛИГОРОВ”
Директорката на Основното училиште ,,Киро Глигоров” од Центар заедно со раководителката на секторот за образование при Општина Центар – Јагода Јанковска, задкулисно ги избегнале законските регулативи, одборот на родители и советот на општината и потпишале договор за концесионо отуѓување на училишното игралиште.
Училишното игралиште незаконски се дало на стопанисување на приватна фирма (Форца), која од понеделник има во план целосно да го загради и да го попречи влезот за дечињата. Ваквата одлука нема одобрение од одборот на родители, а наводно, од неофицијални тврдења дознаваме дека управниот одбор составен од членови на партијата СДСМ и независната листа на ,,Шанса за Центар” ја изгласале ваквата одлука. Во текот на утрешниот ден родителите на децата кои учат во ,,Киро Глигоров” ќе протестираат пред самото училиште каде ќе им се придружат советничката група на Левица во општината и членови на локалниот огранок Центар – Левица и ќе дадат целосна подршка на протестот, пишува во повикот што го сподели Апасиев.