Водечките американски медиуми конечно ја потврдија веродостојноста на известувањата од 2020 година, дека Хантер Бајден, синот на претседателот Џо Бајден, имал длабоки и очигледно сомнителни бизнис врски во Украина и Кина. Веста беше првично објавена во екот на изборната кампања, кога Трамп и Бајден водеа неизвесна трка за тоа кој ќе биде претседател, откако протече содржината на лаптоп кој Хантер Бајден го заборавил во компјутерски сервис. Но социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук го забранија објавувањето на веста – Твитер дури го суспендираше профилот на весникот „Њујорк Пост“ кој прв ја објави веста – обвинувајќи ги дека шират лажни информации кои потекнуваат од Русија.
Но сега весникот „Њујорк Тајмс“ потврди дека имејл пораки кои Хантер Бајден ги праќал на бизнис партнери низ светот, а кои биле на неговиот лаптоп, биле точни. Со ова, се покрена прашањето дали социјалните мрежи во 2020 година му помогнаа на Џо Бајден да биде избран за претседател така што ги скрија вестите за корупцијата во неговото семејство. Хантер Бајден, кој е зависник од дрога со малку бизнис искуство, работел со кинески бизнисмени и бил именуван во одборот на директори на украинска компанија, што очигледно било обид да се добие политичка поддршка од неговиот татко додека тој беше потпреседател на САД во мандатот на претседателот Барак Обама.
Доналд Трамп постојано укажуваше на криминалните врски на семејството Бајден во Украина и низ светот, како во оваа снимка со претседателот Зеленски, но водечките медиуми во САД одбиваа да известуваат за тоа во екот на предизборната кампања.
That time Trump called out the corruption in Ukraine with Zelensky sitting next to him…
The look on his face is priceless.
I can't wait for this to unravel… pic.twitter.com/DZmGRWHpXZ
— Stephiereine28🇺🇲🦅🍊 (@stephiereine) March 17, 2022
Претседателот Бајден вчера одби да одговори на прашањата за содржината на компјутерот на неговиот син. „Поставете ми вистински прашања“, одговори тој кога новинарите го прашаа за коруптивните врски во неговото семејство.