Македонија е НАТО-сојузник и одговорна членка на меѓународната заедница, и им се придружи на САД и на другите во осудата на бруталната руска агресија и активната војна во Украина, изјави амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.
Кога кога сме на темата Украина, Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи чекор со ЕУ, одговорна членка на меѓународната заедница и ни се придружи на САД и на другите во осудата на дејствијата што се одвиваат во Украина во моментов, – бруталната руска агресија и активната војна во Украина. Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, со обезбедување на поддршка што им е неопходна во моментов. Но мора да се осигураме дека во даден момент некој ќе сноси одговорност за постапките на Русија, вели амбасадорката Брнз во интервју за ТВ21.
Од друга страна, додава Брнз, Македонија работи со нас во НАТО и билатерално, за одбрана на нашите интереси.
аботиме во НАТО за да се осигуриме дека обврската по членот 5 е цврста и дека сме подготвени да се браниме од секакви понатамошни дејствија и дека сме подготвени како меѓународна заедница, да се соочиме со долгорочните последици од тоа што се случува. Повторно, ова е незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина, додаде амбасадорката Брнз. Таа повторно ја увери Македонија дека се прават напори за да се обезбеди членство на земјата во ЕУ, велејќи дека војната во Украина ги поттикнала интегративните процеси.