Украински борци, од националистичката единица Азов, се подготвуваат за пресметка со чеченските борци кои се на страната на Русија така што нивните куршуми ги мачкаат со свињска маст.
Катарската телевизија Ал Џезира го пренесе видеото кое по се изгледа доаѓа од профил поврзан со украинските вооружени сили, но велат велат дека не можат да потврдат дали навистина доаѓа од редовите на бригадата Азов. На него се гледа како војник полни магацин за автоматска пушка со куршуми кои претходно ги мачка со свињска маст.
Драги муслимански браќа, (ако загинете) во нашата земја, нема да одите во рај. Затоа вратете се дома, вели војникот.
https://twitter.com/ng_ukraine/status/1497924614865002497?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497924614865002497%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.aljazeera.com%2Fnews%2F2022%2F2%2F28%2Fukrainian-fighters-grease-bullets-against-chechens-with-pig-fat
Неколку илјади специјално обучени чеченски борци се во редовите на руската армија, и се очекува да бидат употребени во претстојната битка за Мариупол, каде што се распоредени Украинците од бригадата Азов.