Украинските војници опколени во металскиот завод Азовстал во Мариупол, се скоро целосно без храна и вода, а многумина од нив се ранети.
Тие преку нивните семејства и новинската агенција Асошиејтед Прес објавија видео во кое може да се види во каква очајна состојба се. Многумина од војниците се тешко ранети, со отворени рани и ампутирани екстремитети, а делат мали количества храна, вода и лекови.
Јадеме само еднаш на ден. Четворица делима литар и пол вода. Ако не запре сега ова, каде ќе оди Европа? Путинизмот е чума на 21 век, велат војниците.
Меѓу опколените Украинци има припадници на националистичката единица Азов, која се смета за про-фашистичка. Во базата има и стотици, а можеби и над илјада цивили, поради кои Русите чекаат опколените војници да се предадат. Но тие не го прават тоа бидејќи стравуваат дека ќе бидат убиени.
https://www.youtube.com/watch?v=-aOQbZHKqEc