Популарниот Конгресмен од таборот на Републиканците, Џим Џордан во популарната емисија „Fox and Friends“ на ТВ Фокс Њус јавно ги осуди неговите колеги од партијата на Демократите за нивната опсесија со импичментот на претседателот Доналд Трамп.
Џордан посочи на неодамнешното објавување на извештајот на Генералниот инспектор на Министерството за правда за постапувањето со истрагите на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за време на неговиот мандат. Тој посочи и на повторното прашање што го поставуваат во врска со една од тие истраги, а тоа е истрагата на поврзаноста на Трамп-Русија.
„Знаете што сакаат да знаат луѓето?“, Рече Џордан. „Тие сакаат да знаат кога некој ќе оди во затвор. Многу често кога се движам кон аеродром или некое слично место со многу народ, луѓето ми приоѓаат и прашуваат: „Кога некој ќе оди во затвор за истрагите што се отпочнале за наводна поврзаност на Трамп со Русија за изборите 2016, па дури и истрагата за Клинтон?“. Овие прашања си ги поставувам цело време и не можете да стигнете до крајот на тоа, ако не ги добиете сите информации таму. И сметам дека нема подобро од тоа, да го повикаме генералниот инспектор и да одговори на сите овие прашања“
Во САД мејнстрим медиумите како пропаганда на Демократската партија сеуште ги „убедуваат“ своите гласачи дека Русија е виновна за поразот на нивниот кандидат Хилари Клинтон и таа пропаганда трае до денес, а за жал голем дел од домашните медиуми ја купуваат здраво за готово и ја пренесуваат како вистинита.
Можеби се раководат од народната „100 пати кажана лага, станува вистина“.