Статус на Сашо Тасевски:
Да бевте способна власт и држава жедна за правда, до сега ќе го киднапиравте Грујо од Будимпешта, ко Мосад што го киднапираше Ајхман од Аргентина, ќе го донесевте врзан во Скопје и ќе го осудевте, заедно со Оркица и Сашица. Да бевте жедни за правда, Гоца министерката бивша на МВРО, ќе лежеше во затвор, а не дома трудна со второ. Ќе го затворевте и Мартин звани Ендек, Крсто Вратарот, Ставре Кеш, Илче Гебелс, Антонио…. Министерот Смрт. Па, судиите и обвинителите кои монтираа политички прогони. Новинарите кои учествуваа во истото. Сите кои беа перјаници и ударни тупаници на тој режим.
Ниту еден од нив не е во затвор. Ниту еден. Напротив живеат комотно и во луксуз, лапаат тендери од стотици илјади евра, некои од нив уште се на функции. Како генералниот на МТВ да речеме. Како Сваровски судиите… Како бандитите од ДУИ, на кои никој ништо не им може, а прават што им прдне.
И уште имате муда да зборувате за правда? Вие станавте џелати на правдата.
Нам на кои уште ни работи совеста и се сеќаваме, не можеме да гласаме за вас. Никогаш.