„Повторно сме сведоци на парламентарното насилие од страна на оваа власт и носење на непопуларни закони по скратена постапка. Вчера во Собранието на Република Македонија беше усвоена скратената постапка за измените на Законот за административни службеници. Со овие измени на законот за административни службеници ќе се изврши класичен поткуп на граѓаните вработени во државната администрација во овој предизборен период. Со овие измени ќе се вршат уцени и поткуп на вработените само со цел да гласаат за СДСМ и ДУИ на престојните избори. И најтрагично од се, тоа што ќе се изврши целосна партизација на државните службеници“. Ова денеска во Собрание го изјави Невенка Стаменковска-Стојковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа смета дека „Со овие измени на законот се предвидува одредена група на помошно стручните државни службеници доколку завршиле високо образование, раководното лице да може да им ја покачи платата во рок од 4 години од донесување на овој закон. И доколку некое од овие лица исполнува услови да може да биде распоредено на повисоко работно место само по негово барање и нормално, доколку раководното лице го одобри тоа“.
„Овие измени на законот за административни службеници се целосно спотивни на член 32 од Уставот на РМ кој предвидува дека „Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место“ и комплетно ги деригираат одредбите од овој закон кои ги уредуваат пополнувањето на работните места, унапредувањето, начелото на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност и начело на стручност и компетентност“ – вели Стаменковска-Стојковски.