Заврши распитот и истрагата за пратеничката Фросина Ременски за финансиската измама во Меѓународниот сојуз.
Таа по распитот кај обвинителката Вилма Русковска изјави дека ги расчистила сите дилеми пред Русковска, дека не е виновна и посочи дека ова е можеби конструкција од параполициски структури во МВР.
Ги спомена некогашниот висок функционер во МВР, Силјан Аврамовски против кого пред 6 години поднела кривична пријава. Ременски праша зошто обвинителката Гордана Смаќовска го заташкува случајот и нема напредок.
Таа го посочи и поранешниот шеф на УБК, Горан Николовски и отвори дилема каква е неговата поврзаност со Орце Камчев кој прво нему му пријавил за случајот „Рекет“.
Следни на листата за распит до петок се таткото на првоосомничениот во „Рекет“, Боки 13, Миле Јовановски како и неговата асистентка Христина Блажевска.