Статус на Фросина Ременски:
По службена должност или по пријава, прашање е сега!?
Со внимание ги следам сите превривања околу хакирањето на веб-страната на ДИК со сите пропратни соопштенија, деманти и институционален игнор.
ДИК пријавил во МВР вчера, ама и МВР и други биле хакирани. Се јавија анонимуси, фирми, експерти, деманти за лажни вести и пак ништо. А да, компјутерски криминал правел истрага …
Ајде малку сериозно …
Хакирање на систем на ДИК на сред изборен ден, кога земја членка на НАТО и на пат за ЕУ спроведува избори, во нормален систем би бил врвен институционален приоритет по службена должност и на ОЈО и на МВР, а не прашање на пријава од ДИК до МВР (исто така хакирано).
Колку што се сеќавам лани зборувавме за “критична инфраструктура”, за некакви вежби за напад-одбрана од хибридни напади и сл.
Базите на податоци за граѓаните на државата се работа за ДИК или за системот по службена должност ?
Денес медиумите вријат од информации за истрагата за статусите на Апасиев, но нема информација од ОЈО дали има истрага за хакерскиот напад на ДИК и други субјекти.
Кој нападна? Од каде? Со каква цел?
Издаде ли некакви наредби ОЈО, да се земе некој компјутер, да се земе некој гард диск, да се провери физичката и информациската безбедност на ДИК, да се ѕирне некоја камера, да се испита некаква инволвираност на домашни и странски фактори?
Се побара ли меѓународна правна помош преку МВР/ОЈО за овој сајбер напад на оваа инфраструктура од познавачи?
Се додека не се одговори на ова, се доведува во прашање не само ДИК, туку и институционалниот одговор на вакви сериозни напади, третирани како сообраќајка со европски записник.
5-6те нелиценцирани инспектори од компјутерски криминал на чело со Катерина Јовановска која стоеше под сликата на анонимуси кога “ја примаше” опремата за компјутерска форензика (на документ на Факултетот за безбедност) и со пријавата во фиоката на Гордана Смаќовска во ОЈО ГОКК ТОЛКУ МОЖАТ. МОЖАТ како што ќе им се нареди.
Ова е долг кон државата, не кон партиите учесници на избори.