Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири, синоќа се препукуваше со Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, на социјалните мрежи, при што потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на крај му напиша на министерот од редовите на коалициониот партнер ДУИ дека го молел „Груевски да го прими на работа на Клиника кога бил избркан од Министерството за здравство“.
Претходно Зеќири коментирајќи коментирајќи ја потпишаната спогодба на македонската и српската влада за отворање на заедничкиот граничен премин Лојане-Миратовец напиша и дека граничниот премин Белановце-Станчич досега ќе бил отворен „да не беше заменик премиерот задолжен за сликање Бујар Османи“.
– Овој „чесен Албанец“ повторно зборуваше. Без нишка на срам што тој го блокира целиот овој проект со месеци, одговори на ова Османи на својот профил на Фејсбук.
Зеќири на ова возврати уште пожестоко:
„О беден патриот, кој го молеше Груевски да му даде решение за работа во клиника, кога твојата партија те избрка од Министерството за здраство, мислиш дека народот пие нафта и не знае кој си и што си направил ти за Албанците. Дали ги помниш твоите ставови за Монструм? Дали забораваш дека си осомничен во случајот „Пациент“ на СЈО? Дали заборави што им има направено на Албанците твојата партија, кога беше на власт со ВМРО-ДПМЕ? Ако ти си заборавил, народот не ги заборава твоите дела и на вашата партија!!! Во 2016 година поминавте лошо, народот ви прати порака, од 20 на 10 пратеници завршивте. Сега во 2020 од 10 на колку ќе завршите?!!, напиша функционерот на СДСМ.