Рамките за соработка на Владата за следните четири години веќе се поставени. Весникот Kоха пренесува дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, додека и Мендух Тачи ќе биде дел од Владата.
Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници, пишува „Коха“.
Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за „Коха“дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната Влада на јавна средба.
„ Kоха “ исто така дознава дека е постигнат договор за Премиерот, за СДСМ ќе бидат 3 години со 1 година за ДУИ.
Останува само време да разговараме за која партија ќе го има премиерот во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот „Коха“.
Извор: Kоха