Секој народ, доколку држи до себе, треба да ги цени и слави своите херои. А илинденските востаници беа тоа, без разлика на националноста и религијата, иако доминираа Македонците.
Илинденското востание беше последниот голем обид на Македонците да одговорат на предавството на светската дипломатија и терор од страна на турските власти против македонскиот народ.
Нема дилема дека востанието било предвремено и форсирано од бугарската страна, која на крајот го изневерило востанието. Тоа е историска вистина и политиката не може да ја избрише. Д
Добро е што секоја држава, без оглед на актуелната власт, се обидува да гради добрососедски односи, но никогаш на штета на сопствениот народ.
А македонската историја е богата, во секој поглед, и треба да се цени и вреднува и да не се дозволи на никој со неа да си игра или да ја користи во секојдневните политички игри.
Затоа, драги мои Македонци и Македонки , утре одадете им достојнa почит на херојските востаници од Илинденското востание!
Фејсбук статус на Горан Калоѓера, почесен конзул на Македонија во Хрватска.