Одлуката, вели за Канал 5, директорот на гимназијата Рамадан Имери ја донел по решенијата од Советот на општина Дебар, на одборот на наставници и родители и на самите ученици дека не сакаат наставата да се одвива он лајн.
Дециден е Рамадани дека училиштето ги исполнува сите пропишани услови за физичка настава и имплементирани препораките од надлежните министерства а позитивна оцена била добиена и од образовниот инспекторат.
Од друга страна министерката за образование Мила Царовска денеска повтори дека бојкотот на наставата е неконструктивна опција и во ризик го става јавното здравје.
Во меѓувреме од Општина Вевчани излегоа со најава дека ќе ја бојкотираат наставата зашто според нив имале услови во училиштето да организираат настава со физичко присуство за што организирале и за неа биле 98 од анкетираните.
На иста линија се градоначалникот на општината, директорот на основното училиште Страшо Пинџур и родителите.
https://youtu.be/k2Vv6hVGlTA