Статус на Димитар Апасиев:
Воведоа и РЕТРОАКТИВНО ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ само и само да ги заштитат функционерите на ДУИ!?
p.s. Абе ние од ушите ли сме задоени, мамицата у книшка хоштаплерска ?
#РазбојничкаДружина
Вонредниот инспeкциски надзор извршен од страна на Државниот просветен инспeкторат на Тетовскиот универзитет во кој е утврдено дека функционерите Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули законски напредувале во наставно-научни звања, спротивно на претходниот инспeкциски надзор на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, е вршен согласно новиот Закон за високо образование, што е прoтивуставно, тврдат адвoкaти. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, велат тие, пренесува Факултети.
Факултети.мк ги побара записниците и решенијата од вонредниот инспeкциски надзор од ДПИ според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а тие ни ги доставија само записниците. Овој надзор беше направен откако Државниот просветен инспекторат се огради од веќе донесените решенија на инспекторот Илиевски (во кои тој утврди незaкoнско напредување на тројцата функционери) и ги нарече негов личен став.
Во новите записници на ДПИ е утврдено дека тројцата функционери законски напредувале во наставно-научни звања. Надзорот е извршен врз основа на Законот за просветната инспекција, како и Законот за високо образование од 2018 година.