Бомба или петарда на Красимир Каракачанов? Рано утринава на својот фејсбук профил тој објави имиња на повеќе видни македонски политичари или објави имиња на повеќе лица од Македонија чии имиња соодветствуваат со имиња на видни македонски политичари и ги повика да гласаат на изборите во Бугарија.
Над 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори, напиша тој и додава:
Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас и живеат на нејзина територија.
Како што вели Каракачанов, деновиве тој ги истражувал веб-страниците на бугарските општини и само бегол поглед бил доволен да се најдат многу интересни имиња на тие списоци, сите луѓе од Македонија, кои се стекнаа со бугарско државјанство врз основа на прогласено бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.
Меѓу случајните имиња на кои наидов, вели Каракачанов, се, на пример:
- Александар Николоски, запишан во областа Средец – Софија,
- Антонио Милошоски – запишан во областа Вазараждане – Софија,
- Никола Мицевски – запишан во Ќустендил,
- Стефан Андоновски – запишан во Ќустендил,
- Марија Андоновска – во Благоевград
- Љупчо Димовски – во Ќустендил,
- Бојан Стојановски – во Благоевград,
- Иван Јорданов – во Ќустендил,
- Игор Здравковски – во Ќустендил,
- Марија Петрушевска – во Средец,
- Дајанчо Ефтимов – во Благоевград,
- Здравко Трајанов – во Благоевград,
- Александар Пандов – во Средец,
- Петар Богојески – во Обориште,
- Филип Петровски – во Средец,
- Стевица Јанева – во Петрич,
- Тало Груевски – во Благоевград.
Според Каракачанов, се разбира дека секое совпаѓање на имињата со лица кои се на значајни општествени и политички позиции во Македонија е возможно да е случајноОсвен право на глас, сите овие „истакнати“ македонски Бугари, како и другите над 120.000 бугарски државјани во Македонија, имаат право на бесплатна вакцинација против КОВИД-19, како и еднаков пристап до здравствениот систем на Бугарија и целата ЕУ. Ова е вистинска солидарност на татковината Бугарија кон нејзините бројни граѓани – Бугари кои живеат и во Македонија и низ целиот свет, вели Каракачанов и додава:
Ги повикувам луѓето на списоците, не само оние наведени погоре, да гласаат со гласачкото ливче број 1 за вистинската ВМРО!