Во ВМРО-ДПМНЕ се случува „фингерајка“ меѓу две крила, се со цел да се убеди јавноста дека партијата вистински се реформира. Наспроти ваквата слика, партиски извори на Слободен печат велат дека нема чистки дури ниту на локално ниво.
Во најголем дел истите луѓе останале на челните позиции во Општинските комитети, а во партијата се и верните луѓе на екс претседателот Никола Груевски, кој наводно на дневна основа комуницирал со голем број партиски лица.
Извори во партијата кои посакуваат ВМРО-ДПМНЕ да стане вистинска десница со јасна европска визија и за партијата и за земјата потенцираат дека наводниот судир меѓу партискиот лидер Христијан Мицкоски и крилото предводено од Сашо Мијалков е во режија на поранешниот генерален секретар Мартин Протуѓер за кој, нашите извори тврдат дека дејствува од истите канцеларии во „Белата палата“ кои ги користел Груевски пред да побегне во Унгарија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски неодамна, одговарајќи на барањето на иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на кој ќе биде побарана негова оставка, рече дека „нема да прави компромиси со криминалци и да дозволи да им се прогледа низ прсти поради сите направени грешки и да се богатат врз грбот на народот3.
-Немам намера да поднесам оставка за да му помогнат на СДСМ и Зоран Заев. Ваквите теми одат само во прилог на оние против кого се бориме. И додека сум жив, а доколку тоа не сум, има план Б и план В. Ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему, на Зоран Заев, за да си го заштитат својот криминал, рече Мицкоски.
Петар Богојески, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ и жесток поборник за вистински реформи во партијата, за Слободен печат вели дека не верува во искреноста на судирот, бидејќи многу наликувал на договор од времето на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски. Стара финта со нови акери, вели Богојески.
– Фингиран судир со кој Мицкоски ќе и докаже на јавноста, особено на онаа која е демократски ориентирана кон центар, дека е во судир со мијаковизмот и со мафијата и дека партијата ја исчистил од бандити. Ова е уште еден од многуте филмови на Мартин Протуѓер кој дејствува од партиското седиште. Сите назначени претседатели на општинските комитети се истите од времето на Груевски, за кој сега сметам дека во тој дел беше барем навидум декомкратски, бидејќи барем правеше некакви огласи – вели Богојески.
Тој тврди дека Сашо Мијалков ја „киднапирал“ акцијата за смена на Мицкоски и на тој начин му помогнал на Мицкоски, бидејќи оставката требало да ја бараат кредибилни личности, а не личности кои во минатото биле носители на „груевмизмот“.
– Во најмал случај се добива впачаток дека барањето е во стилот „стани да седнам“. Нема различна политика или пак понуда во идеолошката матрица, нема ниту оградување од минатото. Нема ниту јасна визија за европскта иднина на паритјата и на земјата. Во таа смисла, секое барање за оставка на Мицкоски е оправдано , доколку тоа го бара тим со различни вредности и политики преку кои ВМРО-ДПМНЕ вистински ќе се реформира, демокртизира и со тоа ќе стане модерна европска партија – посочува Богојески.
На прашањето на Слободен печат, што значат најавите на Мицкоскид ека се додека е жив нема да си поднесе оставка и дека има план Б или В, Богојески вели:
– Планот Б на г. Мицкоски е за две години да стане член на Левица. Пред неколку години во ВМРО-ДПМНЕ дојде од социјалистичката партија и природно е да се врати во старото јато, во Левица, вели Богојески.
Повеќе >> Слободен Печат