Во април е последната битка за Македонија.. Ако ја изгубиме, сме изгубиле се’. Ако ја добиеме, сме ја воскреснале Македонија од мртвите.. Затоа ни е потребен секој чесен Македонец..
Сите вие кои ова парче земја го чувствувате како дел од вас бидете подготвени со вашиот глас да го дадете вашиот придонес за негов спас.. Ние немаме друга татковина, каде и да сме на друго место ние сме странци, кој и да дојде на наше место е окупатор..Овде ние сме свои на своето..
Да не дозволиме туѓи шпиуни да ни го одземат достоинството, светото име и Македонскиот идентитет..
Дајте сите сложно да му дадеме подршка на ВМРО ДПМНЕ..
Можеби тоа не е најидеално решение, можеби некој мисли поинаку, но факт е дека во овие судбоносни моменти само ВМРО ДПМНЕ има моќ да пружи отпор и да го врати загубеното..
Свесен сум за желбите на сите останати патриоти да го дадат својот придонес во борбата за зачувување на нашиот идентитет и право на самоопределување но, свесен сум и за тоа дека сегашната ситуација не дозволува цепкање на националното ткиво..
Затоа, ве повикувам на обединување, ве повикувам на разум и разбирање..
Сите заедно можеме многу..
Ајде да му покажеме на светот дека Македонското прашање не може да биде решено со бришење на Македонците туку со нивно признавање и рамноправно вклучување во сите меѓународни токови..
Се работи за нас, нашите деца, нашите идни поколенија..
Ајде сите заедно да го победиме злосторничкото здружение наречено СДСМ..
Ајде да се разбудиме од овој лош сон и се што под диктат ни е наметнато да го фрлиме на ѓубриштето на историјата..
За Македонија со ВМРО ДПМНЕ напред…