Денес е јасно – не странец, туку и Марсовец да дојде на чело на ваквото обвинителство, спрегите по вертикала и лавиринтите по хоризонтала ќе го застарат криминалот на секој што украл милиони и ги знае вистинските системски линкови и партиски ликови. Со вакво судство за „сто ќебапи“ одиш во затвор, а за злоупотреба на службена позиција во домашен притвор или во странство. Потребен е целосен ресет, по отстранување на непотребниот хардвер“, пишува Ивон Величковски во колумна за ПресингТВ.
Затоа денес за промашувањето на СЈО не може да зборуваат истите што беа хонорарни советници во него. За реформи во судството не можат да „пенат“ адвокатите што наутро ги критикуваат, а навечер со истите судии ашикуваат. Реформи и ветинг не може да спроведуваат партиски комисии и компромитирани политичари, туку оние што Прибе ги дефинира како „независни“: некорумпирани од системот на пред и пост-транзицискатса партиско-семејна каста распоредена со генерации по (правни) факултети, (приватни) универзитети, државни, правосудни и финансиски институции, МАНУ, медиуми, „невладини“. Која последно од СЈО си направи партиско-семеен гранап.
Тоа е причината што денес традиционалните СДСМ подизведувачи – медиа нарикачи за слободите, правата и правдата за време на секоја власт што нема корени од „Бихаќка“ – се така жестоко игнорирани: прочитани се и неупотребливи“.