Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци е една од погласните критичарки на руската инвазија врз Украина на социјалните мрежи. На Фејсбук таа го прозва актерот Сашо Тасевски за неговите коментари во кои ги обвини западните земји дека вооружуваат неонацисти во Украина.
Па затоа еве ве прашувам вас паметните либерални емотивци: Како го викате тоа кога некогашни нацистички држави даваат оружје на неонацистички украински паравојски да војуваат против Русите? Кога велам неонацистички паравојски мислам баш на нацистички. Тие не кокетираат со нацизмот. Тие се нацистички по сите основи. Тие војски драги ЕУ и НАТО емотивци од 2014 до 2017 година во регионот а Донбас убија преку 12 илјади Руси цивили и војска. 12 илјади. Преку 500 000 бегалци. Уништени градови од бомбардирањето на украинските тенкови топови и и хеликоптери. Ама за тоа страдање немате чуено така. Не ни знаевте. Вие само ја видовте и ја цените крајната реакција на Путин. Оти пред да почне да ја гази Украина, Русите во Донбас живееја под терор цели осум години, обвини Тасевски.
Јоци му одговори објавувајќи стари коментари на актерот од времето кога двајцата беа поддржувачи на Шарената револуција, во кои Тасевски ја брани американската улога на Балканот и во светот.
Главната ,,ѕвезда” на ,,путинофилството” во Македонија, она актерчено Сашо (кое каоооо се силеше ќе ме тужи, али си ја собра опашката, ко и многу други имено) пред СДСМ да го смени од директор на Драмски театар, го убедуваше нашиот народ дека благодарение на САД нашата земја го преживеа крвавиот распад на екс ЈУ. И дека тие се нашата иднина – Америка и НАТО. Што е скрооооззз точно – Америка тука има влијание повеќе од 70 години и благодарение на неа Македонија ПОСТОИ уште во целина! Али, у меџувреме СДСМ го шутна актерчево, па зема да го убедуе народов дека Путин е прејак, а америте се гола вода. И овој ,,руски оркестар” на расипани инструменти е надополнет и со икс други пијандури и џанаци сокриени зад фејк профили на соц.мрежи кои тропаат во празно. Добро, знаат од Руска амбасада, кои секако читаат, што тропа/ше човеков пред некоја година и сега имено и дека е скроз неупотреблив за јавно мнение? Мислам, шо знам…бар да читаат друг, некој погабаритен во израз, му возврати Јоци.