За време на денешната емисија на „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија дојде до бурна расправа меѓу актерот Сашо Тасевски и музичарите Мирко Попов и Бени Шакири, околу темата како Македонија треба да се постави во спорот со Бугарија.
Најострите ставови дојдоа од Тасевски, кој побара Македонија да го протера бугарскиот амбасадор поради мешање во внатрешните работи на Македонија
Под итно треба да се прекинат сите понатамошни преговори со Бугарија – број еден. Број два, да се поништи тој договор што го имаме за таканаречено пријателство со Бугарите. Број три, ако продолжат тие навреди од нивна страна, тој говор на омраза на национална основа, да се протера и бугарскиот амбасадор, конзул, што е овде, рече Тасевски.
Дебата потоа стана уште по-остра. „Они се словенизирани Азијати. Тоа не е навреда, тоа се историски факти“, изјави Тасевски, откако пејачот Бени Шакири излезе со став дека Македонците и Бугарите се блиски народи. Нивниот политички модел „го измислиле поради нивниот ген империјалистички, да не употребам потежок збор, да не се доведат во ситуација некој да бара нешто од нив, зошто тие се свесни што се земале“, додаде Тасевски за бугарското барање Македонија да го смени Уставот и да го внесе бугарското малцинство, додека одбива да го признае македонското малцинство.