Министерството за надворешни работи денес најави дека ќе протера пет руски дипломати од амбасадата во Скопје. Со тоа практично амбасадата престанува да работи. Според МНР, дипломатите извршувале активности спротивни на Виенската конвенција и затоа се прогласени за непожелни во земјата.
На ова реагираше актерот Сашо Тасевски, кој прашува, ако веќе протеруваме руски дипломати кои работат против нас, зошто не ги протеруваме и бугарските дипломати?
Така, пак говедана квислиншки избркале пет руски дипломати. А Бугарите за луѓе не не сметаат, но нивните дипломати можат да си седат. Знаете дека беа залепени низ градов налепници со антимакедонска содржина, кои ја величаат идејата дека Македонија е бугарска? Наместо да ги поапсите агитаторите бугарски кои ги лепеле и печателе тие налепници, вие руски дипломати протерувате. Све по список да… Квислинзи бедни, вели Тасевски.