Активистот Реџеп Исмаил јавно поставува прашање за одлуката на поглаварото на Исламската верска заедница, Шакир ефенди Фетаху, при испраќањето на рамазанската порака, освен со македонското, да се слика и со знамињата на САД, ЕУ, Турција и Албанија.
Може ли некој да ни појасни што бараат во позадината на Поглаварот на ИВЗ знамињата на Турција, Албанија, САД и ЕУ?! Од борба на угнетените и оние безимотни и бедни, верата ја претворивте во империјалистичка пропаганда а нејзините вредностите ги жртвувавте за ваша (на клеровите) лична корист. „А ние сакаме само да им се обратиме на потиснатите и обесправените и на земјата (се мисли на нивните земји/држави), нив да ги направиме водачи и наследници на сопственоста.“ (Куран, Сура Кассас, ајет 5), вели Исмаил.