Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вечерва беше пуштен на слобода откако му истече 24-часовниот притвор. Борисов е уапсен на барање на европските обвинители, поради наводна корупција.
Брутално, гадно, не вратија во комунизмот, коментираше Борисов по ослободувањето, додека негови приврзаници го чекаа.
Тој вели дека е загрижен дека следниот пат може да го убијат.
„Тешка политичка репресија, апсолутно незаконски дејствија, изјави адвокатот на Борисов – Менко Менков. Тој додаде дека има голем број
прекршоци извршени од полициските власти.
Деталите за обвиненијата се уште не се во целост познати, но се смета дека обвинителката од ЕУ Лаура Ковеши има докази дека Борисов земал мито од олигархот Васил Бошков во износ од 30 милиони евра.
Полицијата во Бугарија го приведе поранешниот премиер Борисов како дел
од истрагата за наводни уцени што датираат од 2014 до 2019 година,
соопштија денеска бугарски обвинители. Неговото владеење заврши минатата
пролет, кога тој ги загуби изборите, но сепак остана лидер на централнодесничарската ГЕРБ, најголемата опозициска партија.