Премиерот Заев ги претстави замениците-министри во Собрание

Прочитај за: 2 минути

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Собранието на Република Северна Македонија, на седницата на која се гласа за заменици-министри ги предложи следните кандидати:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Премиерот Заев на говорницата, им се обрати на пратениците истакнувајќи увереност дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на Република Северна Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија од интерес на граѓаните.

Повеќе >> Влада МК

SHARE