З.Божиновски: Зекири за вработување во финансиска полиција, авансно наплаќал по 2000 евра

зоран божиновски, буревесник, мухамед зекири
Прочитај за: 2 минути

Статус на Зоран Божиновски – Буревесник:

,,ТАРИФНИКОТ,, НА МУКИ

Србите имаат прекрасна поговорка: ,,Крчаг иде на воду док се не разбије…,, (,,Бардачето оди на вода додека не се скрши…,,). Ова важи највеќе за МУХАМЕД ЗЕКИРИ до вчера пратеник и директор во најава. Со години зад него се провлекуваат информации за скандалозно однесување, до денес непотврдени…

Според изјава од член на СДСМ испратена до мене, довчерашниот пратеник и кандидат за директорска функција МУХАМЕД ЗЕКИРИ, покрај функцијата која ја извршувал се занимавал и со наплата на услуги т. е. ,,тарифирање,, на заинтересирани КЛИЕНТИ кои по редовен пат не можеле да дојдат до посакувана цел…

Мојот извор тврди дека ЗЕКИРИ за вработување во ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, авансно наплаќал по 2.000 евра награда. Ама, не завршувал работа и не им ги враќал парите на измамените муштерии. Мојот извор тврди дека такви измамени ,,кандидати,, има 20 на број, а меѓу нив има и такви кои платиле помеѓу 3.000 и 5.000 евра, авансно се разбира. Некои од нив од срам молчат и не му ги бараат парите назад, ама има и баш упорни кои не се откажуваат да си го вратат вложеното…

Изворот сака за јавноста да биде анонимен, ама не е анонимен за министрите ОЛИВЕР СПАСОВСКИ и ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ. По негова пријава до нив, бил повикан и според негова изјава ,,го повикале да сведочи,,, се согласил и до детал им раскажал што знае за коруптивните активности на МУХАМЕД ЗЕКИРИ, ама реакција немало. Цитирам:

,,Бев во МВР каде што беа СПАСОВСКИ и ЉУПЧО и им кажав кој ми за 2.000 евра кои ми беа дадени да му ги дадам на МУКИ, парите ги примив на паркинг кај хотел БУШИ. Парите му ги предадов на МУКИ во кафе КОРНЕР во Стара Чаршија. ЗЕКИРИ сега негира дека ги добил парите…,,
Од градежната фирма на ЕНКО КОЛАШИНАЦ, ,,ЗОБЕК,,, МУХАМЕД ЗЕКИРИ доби 20.000 евра и ново ауди7 и куќа во ЗЛОКУЌАНИ, а за возврат доби тендер преку некој функционер од СДСМ, да биде подизведувач на објект во Крива Паланка.

МУХАМЕД ЗЕКИРИ ,,средува,, и легализација на диви градби во ШУТКА, а парите ги дели со ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ, 40% зема за себе, 60% за ОПШТИНАТА. Како оди тоа, си има СОВЕТ НА ОПШТИНА, нека си утврдат како е уредена оваа ,,материја,,…

На трансфузиологија ЗЕКИРИ ,,средува,, тендери и дели со директорот…,,

Мојот извор ми испрати уште сознанија, ама за нив се обратив до споменатите функционери за да добијам изјава и да расчистиме што е што во тие тврдења. Во врска со денешната изјава во која се споменуваат министрите СПАСОВСКИ и НИКОЛОВСКИ, се обратив до нив и побарав изјава. До пред да го објавам ова, изјава од нив не стигна…

По пладневната НАЈАВА за вечерашнава објава, БИТАНГИ блиски до МУХАМЕД ЗЕКИРИ почнаа да му се закануваат на мојот извор…

На МУХАМЕД ЗЕКИРИ не му се обратив, кај него сум на ИГНОР веќе 15 години. Го препуштам на испрашување кај платените институции за испрашување и на испрашување кај неговите колеги од СДСМ доколку ги интересираат коруптивните активности на МУХАМЕД ЗЕКИРИ…


– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE