Д-р Жан Митрев: Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности!

Жан Митрев
Прочитај за: < 1 минута

По првата трансплантација на срце од починат донор, докторот Жан Митрев се заблагодари на министерот Филипче за тоа што ги сплотил сите лекари заедно и успеале во операцијата.

– Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова.

Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности.

Сакам да се заблагодарам на министерот Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите – изјави Митрев.

SHARE