Единствена Македонија: Македонските јаничари Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за persona non grata во Македонија

Единствена Македонија, ковачев, захариева, каракачанов
Прочитај за: < 1 минута

Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев.

За Единствена Македонија нема дилема. Недозволиво е Захариева, Каракачанов и Ковачев од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија.

Македонија има меѓународно – правно признато право да прогласи одреден личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. А токму Захариева, Каракачанов и Ковачев кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарска идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.

Единствена Макеоднија смета дека во постоечките околности, нашата иницијатива е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси. Оттука, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE