Заев: Спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, затоа инвестираме во патишта, училишта, болници, градинки…

Прочитај за: < 1 минута

„Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема…

Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“.

Нагласувајќи дека минатата, 2020 година, капиталните расходи имаат 80 проценти од планираната реализација на капитални инвестиции и е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6 проценти од планираните капитални расходи, премиерот Заев посочи дека во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на планот за лани.

„Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море.

Дополнително се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава“, оцени Заев додавајќи дека во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра.

Повеќе >> 365.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE