Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на Фејсбук објави куса реакција на денеска објавената аудио-снимка во која тој со несоодветен речник зборува за своите коалициони партнери.

-Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува, напиша Заев.

SHARE