Заев: Градоначалниците од СДСМ да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено

Прочитај за: < 1 минута

Мојата порака е таа што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите – да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, изјави премиерот Зоран Заев за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, откако деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

„Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи.

Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Оваа недела сигурно ќе реагирам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција.

Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар“, изјави Заев.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE