Заев и Гаши попладнево на средба во хотел Белви

средба заев гаши
Прочитај за: < 1 минута

Во хотелот Белви на излезот од главниот град Скопје, попладнево одржуваат средба лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши, објави МИА.

Од партиите немаше формална најава за средба која се одржува ден пред најавеното предавање на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Средбата е и во пресрет на утрешниот заедничкиот состанок на лидерите на партиите од албанскиот политички блок што го иницира претседателот на ДУИ Али Ахмети, а на кој Гаши и неговиот коалициски партнер и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села кажаа дека нема да одат, барајќи негово одложување за наредната недела.

SHARE