Заев: Никој не ги праша Бугарите на референдум во 1941 за нивната определба, така да не можеме да ги нарекуваме фашисти

zaev sdsm
Прочитај за: < 1 минута

Премиерот Зоран Заев вели дека раководството на царска Бугарија во 1941 година се приклучила на Тројниот пакт на фашизмот, но бугарскиот народ не бил прашан дали се согласува и затоа не треба цела Бугарија да се оквалификува како фашистичка, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на работите на патот за Бугарија, близу граничниот премин Деве Баир.

„Царска Бугарија во 1941 година застанува на страната на Тројниот пакт на фашизмот.

Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на референдум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. И во нашата Македонија имаше соработници на фашистите, домашни предавници.

Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањата на европски начин. Да простиме, но да не заборавиме. Окупацијата од страна на фашизмот била присутна насекаде низ Европа и низ светот и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт.

Но, денеска да зборувате за фашистичка Бугарија или фашистичка Германија, тоа не е поглед кон иднината. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови за да градиме иднина“, кажа Заев.

Повеќе >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE