Министри, директори, обвинители, судии – високи тонови во Кабинетот на Заев за бегството на Мијалков

Прочитај за: < 1 минута

Вистина е дека премиерот Зоран Заев утрово имал состанок и сериозно побарал одговорност и дејствување од одговорните лица во сите институции надлежни за бегството на Мијалков.

Ова за Фактор како брифинг го потврдуваат од Владата.

Според сознанијата, на средбата биле повиканио двајца министри, неколку директори на агенции, како и први лица во обвинителствата и судовите.

На средбата имал високи тонови. Премиерот, според информациите, барал или да се најде Мијалков, или сите одговорни да си поднесат оставки.

Од Владата во врска со овој случај ја даваат следнава изјава.

„Tочно е дека утрово премиерот имаше работен состанок со првите одговорни лица претставници на институциите кои имаат надлежност во случајот ‚Бегство на Мијалков’ за директно и лично да се информира за сите аспекти на случувањата изминатите денови, за истрагата и за чекорите кои институциите ги преземаат.

Премиерот стои цврсто на неговите јасни и јавно изнесени позиции дека сите надлежни институции, согласно своите надлежности имаат обврска да го лоцираат лицето Сашо Мијалков. Премиерот порачува дека граѓаните очекуваат детално објаснување, дека институциите се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај и дека не се можни компромиси со правдата и одговорноста“, велат од Владата.

Извор: faktor.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE