Се огласи Заев за вчерашната аудио снимка што ја објави Зоран Божиновски – Буревесник

Прочитај за: 2 минути

По тужбата од Заев за клевета, новинарот Зоран Божиновски на социјалните мрежи објави аудио-снимка и транскрипт од разговор помеѓу Александар, синот на разузнавачот Зоран Верушевски и поранешниот градоначалник на општина Струмица и лидер на СДСМ, а сега премиер Зоран Заев.

Аудио снимката е во времетраење од 2 часа 17 минути. Според информациите средбата се случила во август 2016 година, на ручек во струмички хотел. Како што вели Божиновски Верушевски јуниор на ручек со Заев бил испратен од Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК , да разговара, да преговара и да договори идна соработка. Една година пред овој разговор Мијалков поднесе оставка од директорската функција во УБК.

Oд видеото може да се слушне како Заев вели „Ќе го смениме судијата, сакаш да договорам?“.

Во аудио снимката се слуша како Заев прифаќа да се договори со Сашо Мијалков па бара да му ги дадат само Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески.

„Гордана и Миле ќе ги дадат да идат во затвор?”

Според сегашната ситуација по се изгледа договорот се уште трае. Затоа што Јанкуловска ја издржува затворската казна, Јанакиевски беше во притвор, а сега е во домашен притвор. Мијалков исто така е во домашен притвор и обвинет уште во други случаи кои се во судска постапка.

За аудио снимката премиерот Зоран Заев за ТВ21 вели дека се уште не ја слушнал и дека деновиве откако ќе ја преслуша ќе може да даде коментар. Но, сепак вели дека снимката од 2016 година.

„Ја немам слушнато објавената снимка. Ќе се обидам деновиве да најдам време да ја ислушам и после може да ви дадам коментар. Инаку разговорот е колку што сватив од 2016 година“, вели Заев.

На прашањето дали некогаш менувал судии, кое е произлезено од снимката, Заев за Тв21 одговара:

„Никогаш немам менувано судии. Јас никогаш сум немал и немам надлежност да менувам судии.“, рече Заев.

Во аудио снимката Заев вели дека има и други снимани разговори од приватни политички противници и сите аудио снимки, не се добиени од Верушевски. Сепак се поставува прашањето колку вакви аудио снимки има и дали можеме да очекуваме нови т.н бомби со оглед на тоа дека за неколку месеци ќе имаме нови избори, овој пат локални.

Извор: Tv21

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE