Заев поздравен со аплауз од пратениците во чешкиот Парламент кои го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Парламентот на Република Чешка, гласаше „за“ и го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија, во НАТО.

Почит кон премиерот Зоран Заев кој ја набљудуваше ратификацијата од галеријата. По гласањето, пратениците во Чешкиот Парламент кои денеска го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, го поздравија со аплауз.

Премиерот Заев денеска е во Прага, на Самитот на премиери на земјите од Вишеградската група и на државите од Западен Балкан, каде е оддадено признание за постигнувањата и заслугите за напредокот на нашата земја. Вишеградската група усвои Декларација преку којашто ја повикува ЕУ, на октомвриската сесија на Советот за општи работи да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија и со Република Албанија.

Чешка е 22 земја членка на НАТО Која го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Макдонија во НАТО.

До крајот на годината уште 7 земји членки треба да го сторат тоа,по што се очекува нашата земја наскоро да стане 30 членка на НАТО алијанста.

Патувај со нас, резервирај сега! Booking.com
SHARE