Заев: Со Амди Бајрам имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата

Прочитај за: < 1 минута

Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам. Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба, порача премиерот Зоран Заев по смртта на поранешниот пратеник.

„Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја. Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите“,
порача Заев.


– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE