Заев: Може кој сака да се дружи со мојот братучед, но законот важи за сите

Прочитај за: < 1 минута

Зоран Заев ја коментираше и акцијата во која беше запленета дрога од 800 илјади евра на Плетвар. Одредени шпекулации велеа дека семјеството Заеви е вмешано во оваа акција.

„За акцијата имаше информации дека бил вмешан мојот прв братучед Трајче Заев. Лицето Александар, не му го паметам презимето, се покажа дека не е вработен во семејните фирми на Заеви.

Немам ништо ни што да додадам. Законот важи за сите. Александар можел да дружи со мојот прв братучед колку сака, ама законот важи за сите.

Кој колку сака да биде близок, нека се слика со кого сака, но ако го прекршил законот, ќе одговара. Следуваат судски процеси, и согласно нив ќе се изрекуваат казни“, рече Заев.

Извор: mk.tv21.tv

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE