Заев: После преземената акција имаме значаен успех, се пријави Сашо Мијалков

Прочитај за: < 1 минута

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:

Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков.

Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!

Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE