Заев: Според анкетите очекувам 55 пратеници за нас, 48 за ВМРО ДПМНЕ

Прочитај за: < 1 минута

Зоран Заев во лидерскиот дуел со Мицковски на ТВ 24.

– Ние очекуваме 55 пратеници а ВМРО ќе има 48 пратеници, ако ДУИ инсистира на албанец премиер, спремен сум да побарам 6 пратеници од ВМРО ДПМНЕ за да направам малцинска влада!

-Јас сум кандидат за премиер од коалицијата Можеме. СДСМ нема да дозволи да биде под никакви уцени. Јас немам проблеми со етничката припадност на кандидатот, но тоа никако да не биде со услов. Јас ќе бидам идниот премиер со тие кои ќе формираме мнозинство.

Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И сум спремен да му отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61, за тој да формира малцинска влада. Доколку тој не сака да ми отстапи 6, за јас да формирам малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, рече Заев.

На ова Мицкоски одоговри дека математиката на Заев не му е силна страна, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има доволно пратеници за да формира влада.

SHARE