Реалноста во здравството и каков кадар се вработува во доба кога короната убива секојдневно

лекари, доктори мк
Прочитај за: < 1 минута

Другари,сакам покрај тоа што веќе правно ја потегнавме целата ситуација да ја објавам и на ФБ за да ја видите реалноста во здравството наше и да видите каков кадар се пропушта а каков се прима во доба кога короната убива секојдневно.

Имено на 27.10 се поднесени документи за вработување во здравствена установа Железничар. Сопругата без партија позади себе самоуверена во сопствениот квалитет и резултат се пријави на конкурсот за работа.По пријавувањето следуваше стручно тестирање и англиски јазик по кој е објавена конечна ранг листа на која има просек од факултет и поени од испиот.После објавувањето на ранг листата на која Ana Spasovska Gjorgovska е ПРВА на список потпишан од трочлена комисија,двајца доктори и правник следува интервју со Marijana Danic за да ги запознае кандидатите.

По тоа интервју директорката @Marijana Danic денеска ја објавува конечната одлука каде се примени 2 општи докторки кои на ранг листата се ВТОРО И ШЕСТО МЕСТО.

Резултатите од испитот и од просекот кој е 9.48 се исфрлаат и се примаат лица со далеку послаб успех кои утре треба да ги лечат граѓаните.

АНА СПАСОВСКА ЃОРГОВСКА КАДАР ЗАВРШЕН НА УНИВЕРЗИТЕТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ СО ПРОСЕК 9.48 И ПРВА НА РАНГ ЛИСТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е ПОТИСНАТА ОД ЛИЦА КОИ СЕ СО ДАЛЕКУ ПОСЛАБ РЕЗУЛТАТ ПО ПРОСЕК И НА СТРУЧНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ НА РАБОТНОТО МЕСТО.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE