Според податоците од последниот извештај на Завод за статистика до кој дојде Медицина и Здравје, може да се забележи интересен тренд, а тоа е дека бројот на починати по сите основи во Март за 2019 година бил 1.903 од кои 9 биле новороденчиња, за разлика од денес, во услови на пандемија со Ковид-19, во истиот период – Март 2020 година, бројот на починати по сите основи изнесува 1.674 од кои 15 се новороденчиња.
Овој факт е битен ако се има предвид дека во услови на пандемија бројот на починати во Македонија во 2020 година по сите основи е помал за 230.
Се поставува прашање, од кои причини бројот на починати е далеку помал во однос на лани, ако годинава, според предупредувањата од СЗО и меинстрим медиумите се алармира на сериозноста на Ковид-19 и неговата голема смртност? Дали оние кои починуваат од сосема други болести, намерно се заведуваат како починати од Ковид-19? Ако бројот на починати од Ковид-19 расте, зошто вкупната смртност е намалена?
Како резултат на предизвиканиот страв, интересен податок за разгледување е бројот на склучени бракови. Во Март 2019 год. бројот на склучени бракови изнесува 843 и е двојно поголем во однос на Март оваа година, каде се регистрирани само 404 склучени бракови.
Извор: Медицина и здравје