ВМРО-ДПМНЕ: Заев граѓаните ги доведе до питачки стап

зоран заев, вмро-дпмне
Прочитај за: < 1 минута

Заев без срам и перде говори за сиромаштија, а тој ја осиромаши Република Македонија. Зоран Заев граѓаните ги доведе до питачки стап, реагира ВМРО-ДПМНЕ на видеообраќањето на премиерот на Денот за борба против сиромаштијата.

– “Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија. Над 500.000 граѓани се на раб на егзистенција, живеат со 50-тина денари на ден. Во ек на пандемија кога државите ги намалуваат даноците, Зоран Заев се дрзна и преку Бислимоски ја покачи цената на струјата за 7.4 отсто. Поради Зоран Заев и неговата неспособна влада Македонија официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3 отсто и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави. Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се крати од капитални инвестиции и проекти, и не се вложува во здравство и образование во ек на пандемијата. Македонските граѓани од СДСМ единствено добија сиромаштија” – смета ВМРО-ДПМНЕ.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

SHARE